Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Вила Prince George – Паралија


22 % попуст на вонсезонски и 25 % попуст на сезонски цени за резервации заклучно со 10.01.2026 (сабота) за 50 % уплата веднаш при резервација и целосна доплата заклучно со 07.02.2026 (сабота)

Паралија Катерини се наоѓа во северниот дел на Грција, во регионот Пиерија, западно од планинскиот масив Олимп. Оддалечена е околу 4 км југоисточно од главниот град на регионот – Катерини, 70 км јужно од Солун и приближно 270 км од Скопје. Паралија Катерини претставува едно од најпознатите туристички одмаралишта во регионот Пиерија. Таа има приморска положба на северниот дел од Егејско Море, со комбинација од рамничарски и планински пејзажи. Илјадници туристи ја посетуваат секоја година поради пријатната медитеранска клима и долгата песочна плажа, која се протега се до соседното место Олимпик Бич. Местото располага со бројни продавници, ресторани, таверни и кафулиња кои нудат традиционална грчка кујна и пријатна атмосфера. Покрај одличните услови за одмор и капење, посетителите можат да уживаат во прошетки по уреденото крајбрежно шеталиште, како и во богатиот ноќен живот. Од Паралија лесно се организираат излети до познатите туристички атракции во околината: планина Олимп, археолошкиот локалитет Дион, живописното село Литохоро, како и до градовите Солун и Катерини. Благодарение на својата местоположба и туристичка понуда, Паралија претставува едно од најомилените летувалишта за посетители од целиот Балкан.

Вила “Prince George” се наоѓа во срцето на Паралија, на 200 метри од плажата, а и на исто толку метри од ‘LIDL’, а во непосредна близина на шеталиштето. Во близина на вилата има огромен број продавници, паркови, ресторани, кафулиња и сл. Сè на сè, на идеално место за вашиот престој и одмор. Во вилата располагаме со двокреветни и трокреветни студија, кои се распоредени на приземје и на прв кат. Сите студија располагаат со тераси, тоалети (некои со помала квадратура, како и што е наведено во табелите со цени), ТВ, клима уред (со доплата од 6 еур на ден), мини кујна со решо, фрижидер и целосно потребниот прибор во кујните.

1/3 студио бр. 2 и 3 – приземје. Студијата располагаат со брачен кревет и еден единечен стандарден кревет. Одвоена целосно опремена кујна и тераса со поглед кон улица.  Студијата имаат сопствен, помал тоалет со туш.

1/3 студио бр. 4 – приземје. Студиото располага со брачен кревет и еден единечен стандарден кревет. Одвоена целосно опремена кујна и тераса со поглед кон улица.  Студиото има сопствен тоалет со туш.

1/2 студио бр. 5 – приземје. Студиото располага со два единечни, стандардни кревети . Одвоена целосно опремена кујна и тераса со страничен поглед кон улица.  Студиото има сопствен тоалет со туш.

1/2 студио бр. 6 – приземје. Студиото располага со два единечни, стандардни кревети . Одвоена целосно опремена кујна и тераса со страничен поглед кон дворот.  Студиото има сопствен, помал тоалет со туш.

1/2 студио бр. 8 – приземје. Студиото располага со два единечни, стандардни кревети . Одвоена целосно опремена кујна и тераса со поглед кон дворот.  Студиото има сопствен, помал тоалет со туш.

1/2 студио бр. 9 – приземје. Студиото располага со два единечни, стандардни кревети . Одвоена целосно опремена кујна и тераса со поглед кон дворот.  Студиото има сопствен, помал тоалет со туш.

1/3 студио бр. 13 и 14– прв кат. Студијата располагаат со брачен кревет и еден единечен стандарден кревет. Одвоена целосно опремена кујна и тераса со поглед кон улица.  Студијата имаат сопствен тоалет со туш.

1/2 студио бр. 15 и 16 – прв кат. Студијата располагаат со два единечни стандардни кревети. Одвоена целосно опремена кујна и тераса со страничен поглед кон улица.  Студијата имаат сопствен тоалет со туш.

1/2 студио бр. 17 – прв кат. Студиото располага со два единечни стандардни кревети. Одвоена целосно опремена кујна и тераса со поглед кон позади кон дворот.  Студиото има сопствен, помал тоалет со туш.

1/3 студио бр. 18– прв кат. Студиото располага со брачен кревет и еден единечен стандарден кревет. Одвоена целосно опремена кујна и тераса со поглед позади кон дворот.  Студиото има сопствен, помал тоалет со туш.

1/2 студио бр. 19 – прв кат. Студиото располага со два единечни, стандардни кревети.  Одвоена целосно опремена кујна и тераса со поглед позади кон дворот.  Студиото има сопствен, помал тоалет со туш.

Ценовник

  1. Вонсезонски цени
Термин Ноќевања 1/2 студио еко

бр. 8,9 и 19

1/3 студио еко

бр. 18

1/2  студио

бр. 5,6,15,16 и 17

1/3 студио

бр. 2,3,4,13 и 14

30/05-06/06 7 99 109 119 129
06/06-13/06 7 129 139 149 159
13/06-20/06 7 159 169 179 189
20/06-27/06 7 179 189 199 209
27/06-04/07 7 199 209 219 229

 * цена по лице со вклучен превоз ( задолжително плаќаат 2 лица ) 

  1. Сезонски цени
Термин Ноќевања 1/2 студио еко

бр. 8,9 и 19

1/3 студио еко

бр. 18

1/2  студио

бр. 5,6,15,16 и 17

1/3 студио

бр. 2,3,4,13 и 14

04/0711/07 7 399 409 449 469
11/0718/07 7 409 439 479 509
18/0725/07 7 409 439 479 509
25/07-01/08 7 429 459 499 539
01/0808/08 7 429 459 499 539
08/08-15/08 7 429 459 499 539
15/0822/08 7 409 439 479 509
22/08-29/08 7 409 439 479 509

   * цена за наем на апартман или студио за 7 ноќевања 

  1. Вонсезонски цени
Термин Ноќевања 1/2 студио еко

бр. 8,9 и 19

1/3 студио еко

бр. 18

1/2  студио

бр. 5,6,15,16 и 17

1/3 студио

бр. 2,3,4,13 и 14

29/08-05/09 7 179 189 199 209
05/09-12/09 7 159 169 179 189
12/09-19/09 7 109 119 129 139
19/09-26/09 7 99 109 119 129

 * цена по лице со вклучен превоз ( задолжително плаќаат 2 лица )

Услови и напомени

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО/АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
  • За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
  • За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170 мкд. (35 евра)
  • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
  • ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
  • Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
  • Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
  • Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд).
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем.
  • Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас.
  • Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици.
  • Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. НЕ може да се гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Превоз:

  • Тргнувањето се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
  • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување. Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина или број на патни торби, куфери и сл. а со цел патувањето да биде полесно и комотно за сите. Доколку нема доволно простор за прекумерниот багаж не може да сноси одговорност, истата е на секој патник поединечно.
  • Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање и истиот се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.
  • Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 20 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

 Место на поаѓање:

  • Скопје – хотел ‘Russia’
  • Куманово – БП Макпетрол (автопат)
  • Велес – БП Макоил
  • Неготино – БП Макпетрол Неготино
  • ГП Богородица
Лето 2026