Вила Џина – Неос Мармарас


20% ПОПУСТ до 31.12

на цените во табелата (со минимум уплата од 50%) -ОСТАТОКОТ ДО 31.01.2026

Опис

Неос Мармарас е најголемото приморско село на вториот полуостров на Халкидики, Ситонија. Тоа е најкосмополитното место во Ситонија и секоја година илјадници туристи го посетуваат и уживаат во прекрасните плажи, прекрасната глетка, природата на околните планини, ноќниот живот и романтичните прошетки по улиците со поглед на малиот остров Келифос.

Вила Џина се наоѓа во централниот дел на Неос Мармарас, во близина на црквата, на околу 80 метри од морето и 500 метри од градската плажа. Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија, како и 1/2+1 апартмани (со 2 единечни кревети во собата и кауч во кујната) и четворокреветни апартмани. Сите соби имаат комплетно опремена кујна, бања, пешкири, тераса, ТВ, клима уред и WiFi.

 

Ценовник

20% ПОПУСТ до 31.12

на цените во табелата (со минимум уплата од 50%) -ОСТАТОКОТ ДО 31.01.2026

BLACK FRIDAY ЦЕНИТЕ ДО 28 ЈУНИ И СЕПТЕМВРИ СЕ ПАКЕТ АРАНЖМАНИ ПО ЛИЦЕ СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ. ЦЕНИТЕ НЕ ПОДЛЕЖАТ НА ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОПУСТ. ЗА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ, ЦЕНАТА НЕ СЕ НАМАЛУВА

ПЛАЌААТ МИНИМУМ ДВЕ ЛИЦА ВО 1/3 АПП, ТРИ ЛИЦА ВО 1/4 И 1/5 АПП 

МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ ПРЕКУ IUTE, DINERS  или СТОПАНСКА БАНКА КАРТИЧКА

ТЕРМИН НАЕМ 1/2 стд 1/2+1aпп и 1/3стд 1/4 апп
24.05 7 ноќи 110 € по лице со превоз 110 € по лице со превоз 110 € по лице со превоз
31.05 7 ноќи 150 € по лице со превоз 150 € по лице со превоз 150 € по лице со превоз
07.06 7 ноќи 170 по лице со превоз 170 по лице со превоз 170 € по лице со превоз
14.06 7 ноќи 190 € по лице со превоз 190 € по лице со превоз 190 € по лице со превоз
21.06 7 ноќи 210 € по лице со превоз 210 € по лице со превоз 210 € по лице со превоз
28.06 7 ноќи 530 € 424 € 550 € 440 € 570 € 456 €
05.07 7 ноќи 560 € 448 € 590 € 472 € 630 € 504 €
12.07 7 ноќи 650 € 520 € 690 € 552 € 790€ 632 €
19.07 7 ноќи 650 € 520 € 690 € 552 € 790 € 632 €
26.07 7 ноќи 650 € 520 € 690 € 552 € 790 € 632 €
02.08 7 ноќи 650 € 520 € 690 € 552 € 790 € 632 €
09.08 7 ноќи 650 € 520 € 690 € 552 € 790 € 632 €
16.08 7 ноќи 650 € 520 € 690 € 552 € 790 € 632 €
23.08 7 ноќи 550 € 440 € 590 € 472 € 690 € 552 €
30.08 7 ноќи 450 €  360 € 490 € 392 € 590 € 472 €
06.09 7 ноќи 190 € по лице со превоз 190 € по лице со превоз 190 € по лице со превоз
13.09 7 ноќи 160 € по лице со превоз 160 € по лице со превоз 160 € по лице со превоз
20.09 7 ноќи 110 € по лице со превоз 110 € по лице со превоз 110 € по лице со превоз

Услови напомени и превоз

Во цената е вклучено:

  • Наем на 7 ноќевања/8 дена
  • Wi fi интернет
  • Вклучена клима

Во цената не е вклучено:

  • Туристичка такса 2еур. на ден и се плаќа во агенција
  • Здравствено и патничко осигурување 

Цена за превоз:

  • Превоз за возрасен 50€ / Еден правец 40€
  • Деца од 2 до 12 години 40€ / Еден правец 35€
  • Деца до 1.99 години -бесплатно

НАПОМЕНИ:

  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот;
  • Сезонските цени во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
  • Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
  • По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • Секој патник има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.