Опис
Опис
Вилата Lanti (Ianthi Apartments) е модерен семеен објект сместен во едно од најживописните места на вториот крак – Сикија, на само 150 метри од плажата Sykia Beach. Совршен избор за мирен семеен или паровски одмор, со уредени и пространи апартмани кои нудат удобност, чистота и прекрасен поглед кон морето или планината.
Локација
Објектот се наоѓа во Сикија, во регионот Ситонија, на околу 150 метри од познатата песочна плажа Sykia Beach и 2 км од Tourkolimnionas Beach. Во непосредна близина се наоѓаат таверни, маркети и кафулиња. Валти плажа е на само 2,2 км, додека аеродромот во Солун е оддалечен околу 134 км.
Сместување и содржини
Вилата располага со удобни студија и апартмани со керамички подови и модерен ентериер. Секое студио/апартман е опремено со:
– клима-уред
– телевизор со рамен екран
– приватен тоалет со туш и бесплатни тоалетни производи
– комплетно опремена кујна со фрижидер
– балкон или тераса (дел со поглед кон море, дел со планински поглед)
– постелнина и пешкири
Сместувањето располага и со семејни апартмани погодни за 3–4 лица, идеални за гости кои сакаат приватност и комфор.
Двор и удобности
Во рамките на вилата има сончева тераса со лежалки, двор со зеленило, како и бесплатен приватен паркинг. Објектот нуди и услуга за изнајмување возила, а на гостите им е достапен и Wi-Fi интернет низ целиот објект.
Услуга и хигиена
Собите се чисти, модерно уредени и се одржуваат со големо внимание. Постелнината и пешкирите се редовно менуваат, а персоналот е познат по љубезноста и семејниот пристап кон гостите.
Предности
– Одлична локација – на 150 м од Sykia Beach
– Пространи и модерни апартмани
– Потполно опремена кујна во секој апартман
– Бесплатен Wi-Fi и паркинг
– Сончева тераса и пријатен двор
– Идеално за семеен или паровски одмор
Одалеченост од најубавите плажи на Ситонија:
2,2км од Турколимнионас
1,3км од Линараки
850м од Пигадаки
3,9км од Климатарија
6,8км од Криарици
5,1км од Тиганија
2,7км од Валти
1,4км од Гриавас
4.1км од Агридиа
5,3км од Платанија













