Blue Bay 3* – Палма де Мајорка


20.06 – 30.06.2026

01.08 – 11.08.2026

08.08 – 18.08.2026

Цени од 1195€ по лице

Опис

Добредојдовте во Палма де Мајорка – град кој совршено ги спојува прекрасните плажи, богатата историја и медитеранскиот шарм, срцето на Балеарските Острови.

– елегантната престолнина на островот Мајорка и едно од најпопуларните медитерански летувалишта во Шпанија. Градот маѓепсува со кристално чистото море, златните плажи и уникатната комбинација од богата историја, модерна атмосфера и жив ноќен живот. Палма нуди импресивна архитектура, со познатата катедрала La Seu, шармантен стар град со тесни улички, автентични ресторани и бројни бутици. Благата клима, одличната гастрономија и разновидните содржини ја прават Палма де Мајорка совршена дестинација за релаксација, забава и незаборавно медитеранско искуство.

Ви го претставуваме хотелот BLUE BAY, кој се наоѓа на само 500 метри од плажата Кала Мајор, каде што можете да уживате во сонцето и кристално чистите води на Мајорка. Хотелот располага со 3 ѕвезди и е совршено лоциран. Неговите одлични содржини и надворешниот базен се идеални за пријатен, забавен и безгрижен одмор на Мајорка.

Важно е да се истакне и близината до центарот на Палма, што го прави хотелот одличен избор за сите оние кои, покрај сонцето и плажата, сакаат да откриваат и нови градови и атракции.

Собите во хотелот BLUE BAY се уредени во едноставен и функционален стил, нудејќи пријатна атмосфера за одмор по ден исполнет со сонце и активности. Секоја соба располага со климатизација, приватна бања, телевизор, телефон, сеф (со доплата) и балкон или тераса, од кои дел нудат прекрасен поглед кон морето или околината.

Програма

Ден 1

– Скопје → Барселона
Поаѓање од Скопје кон Барселона. Пристигнување и пречек на групата од страна на локален претставник. Слободно време за индивидуални активности и одмор.
– Ноќевање.

Ден 2 до 10

– Барселона → Палма де Мајорка
Појадок во хотел. Трансфер до аеродром и лет за Палма де Мајорка. Пристигнување и сместување во хотел.
Период од ден 2 до ден 10:
– Појадок во хотел
– Индивидуални активности / факултативни излети / слободно време
– Вечера во хотел
– Ноќевање

Ден 11

– Палма де Мајорка → Барселона → Скопје
– Појадок во хотел. Одјавување од хотелот и трансфер до аеродром. Лет кон Барселона, по што следи трансфер до аеродром и поаѓање кон Скопје.

Ценовник

Пакет цената е изразена по лице во дво/трокреветна соба, при што истата вклучува: Ноќевање со појадок или полу пансион + Трансфери аеродром-хотел-аеродром + Авио Билет

Дата Број на ноќевања Возрасно лице

во двокреветна соба

Еднокреветна соба
20.06 – 30.06.2026 10 Од 1195 Евра На барање
01.08 – 11.08.2026 10 Од 1299 Евра На барање
08.08 – 18.08.2026 10 Од 1299 Евра На барање

Услови и напомени

Датум:
  • 20.06 – 30.06.2026
  • 01.08 – 11.08.2026
  • 08.08 – 18.08.2026
Цени:
  • од 1195€ по лице
Во цената е вклучено:
  • Лет Скопје – Барселона – Скопје
  • Трансфери во Барселона и Палма де Мајорка (аеродром-хотел-аеродром)
  • 1 ноќевање во Барселона на база ноќевање со појадок
  • Лет Барселона-Палма де Мајорка
  • 9 ноќевања во Палма де Мајорка на база ноќевање со појадок или вечера според избраниот хотел/услуга
Во цената не е вклучено:
  • Туристичка такса ( од ден по лице, се плаќа на лице место- подложно на промени)
  • Патничко осигурување ( можност да се извади во агенција)
  • Факултативни излети
  • Доплата за багаж според моменталната цена на авио компанијата
  • Во хотелот има на располагање дво и трокреветни соби.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на распоредот на летање доколку авио компанијата ги промени летовите за што патниците ќе бидат навремено известени.
  • Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
  • Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
  • При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД.
  • Сите останати услови на патување важат според правилата на Холијеј Травел
  • Износот на аранжманот варира во зависност од цената на авионските билети и расположливоста на сместувањето во избраните хотели.