Опис
Вила Манос се наоѓа во Паралиа, на 300м одалеченост од плажа, во близина на LIDL, и центарот на Паралиа. Вилата располага со двокреветни, трокреветни, трокреветни со плус екстра легло, и четворокреветни студиа, сите лоцирани на втор или трет спрат.
Собите располагаат со сопствен тоалет, балкон, кујна со основен прибор за готвење, фрижидер, клима (со доплата од 5еур на лице место) тераса.
бр.306 – лоцирано на трет спрат трокреветно студио со едно дупло легло и едно единечно
бр.309 – лоцирано на втор спрат, двокреветно студио со две единечни легла
Ценовник
FIRST MINUTE -20% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 29.11.2025, СО 100% УПЛАТА ДО 06.12.2025
-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.12.2025, СО 100% УПЛАТА ДО 10.01.2026
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 28.02.2026, СО 100% УПЛАТА ДО 10.03.2026
-07% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.04.2026, СО 100% УПЛАТА ДО 10.05.2026
| МАНОС -ПАРАЛИА |
| ЦЕНИ ИЗРАЗЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА |
| термин |
ноќи |
1/2 студио |
1/3 студио |
1/3+1 студио |
1/4 студио |
Промо цени |
| 23.05-30.05.2026 |
7 |
99 |
119 |
139 |
149 |
Промо цени |
| 30.05-06.06.2026 |
7 |
159 |
179 |
209 |
229 |
Промо цени |
| 06.06-13.06.2026 |
7 |
209 |
229 |
249 |
259 |
|
| 13.06-20.06.2026 |
7 |
259 |
279 |
299 |
309 |
|
| 20.06-27.06.2026 |
7 |
309 |
329 |
349 |
359 |
|
| 27.06-04.07.2026 |
7 |
339 |
359 |
379 |
389 |
|
| 04.07-11.07.2026 |
7 |
379 |
399 |
419 |
429 |
|
| 11.07-18.07.2026 |
7 |
379 |
399 |
419 |
429 |
|
| 18.07-25.07.2026 |
7 |
379 |
399 |
419 |
429 |
|
| 25.07-01.08.2026 |
7 |
379 |
399 |
419 |
429 |
|
| 01.08-08.08.2026 |
7 |
379 |
399 |
419 |
429 |
|
| 08.08-15.08.2026 |
7 |
379 |
399 |
419 |
429 |
|
| 15.08-22.08.2026 |
7 |
339 |
359 |
379 |
399 |
|
| 22.08-29.08.2026 |
7 |
309 |
329 |
349 |
359 |
|
| 29.08-05.09.2026 |
7 |
279 |
299 |
319 |
329 |
|
| 05.09-12.09.2026 |
7 |
249 |
259 |
279 |
299 |
|
| 12.09-19.09.2026 |
7 |
189 |
199 |
209 |
229 |
Промо цени |
| 19.09-26.09.2026 |
7 |
129 |
149 |
169 |
179 |
Промо цени |
Услови напомени и превоз
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Пиериа:
- Скопје (Дрводекор) – 45€ по лице
- Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 60€ по лице
- Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија) – 45€ по лице
- Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 45€ по лице
- Граничен премин(бензинска пумпа Шимов) – 45€ по лице
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Пиериа:
- Битола Автобуска станица Транскоп – на перон – 45€ по лице
- Прилеп (бензинска пумпа Салида) – Трансфер до Битола – 45€
- Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола – 55€ по лице
- Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола -55€ по лице
- Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола -55€ по лице
- Во цената е вклучен еден куфер од 23кг по патник. За дополнителен багаж се доплаќа во агенција по 20еур по дополнителен багаж
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe
- Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10еур
- Деца до 1,99 години бесплатно
- Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
- За брзината, јачината на интернетот ние како агенција не гарантираме.
- Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
- Доплата за туристичка такса 2€ по соба на ден (се плаќа во објектот)
- Патниците кои користат организиран автобуски превоз имаат право на еден куфер ДО 23 кг и рачна торба до 6 кг . Доплата за дополнителен багаж изнесува 20€ (во денарска противвредност), доколку има расположлив простор во автобусот.
Секој патник при качување, од водичот, добива налепница за багаж – 1 налепница = 1 куфер.
(првите два и последните два термина се промо цени, и не подложат на попуст и се резервираат со 50% аконтација)
Напомени:
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патничко возило или комбе.
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.
Ги замолуваме патниците на бидат на местата на поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои се извинуваме.
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ:
- За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин, (ПОПУСТИТЕ ВАЖАТ САМО ЗА РЕДОВНИТЕ ЦЕНИ)
- Попустите не може да се комбинираат,
- Организаторот го задржува правото да ги продава своите капацитети преку понудата LAST MINUTE по цени кои се различни од оние во ценовникот. Страните кои платиле за аранжманот по цените објавени во овој ценовник немаат право да бараат надомест за разликата во цената.
- На промо цените НЕ следува попуст за рана резервација и 2 последователни термина.
- Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
- При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
- Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Секој дополнителен багаж се наплаќа 20 евра по куфер.
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
- Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
- Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
- Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
- Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИИ:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
- Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
- Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на објектот или представникот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.