Опис
Опис:
Вила Sandy Apartments се наоѓа во централниот дел на Неа Флогита, едно од најубавите места на западниот брег на Халкидики, на само 50 километри од Солун. Од плажата е оддалечена околу 180 метри. Местото е познато по долгата и широка песочна плажа со Сино знаме, што ја прави идеална за фамилии и парови кои бараат мирен и пријатен одмор покрај море. Во близина се наоѓаат таверни, кафулиња, маркети и шеталиште со туристички содржини.
Сместување:
Вилата располага со двокреветни, трокреветни и четирикреветни апартмани, распределени на приземје, прв и втор кат.
Во понуда има и:
Дуплекс апартмани (бр. 6 на Втор Кат) – со две спални соби (едната со брачен кревет, другата со два единечни) и одвоена кујна;
Апартман бр. 1 Приземје и 5 на Втор Кат (1/2+3) – со брачен кревет во кујнскиот простор и посебна спална соба со три единечни кревети.
Сите апартмани се пространи и комплетно опремени, со кујна (фрижидер, решо и прибор за јадење), ТВ, купатило и клима уред (вклучен во цената).
Во апартманите нема пешкири, а гостите самостојно ја одржуваат хигиената за време на престојот.
Содржини и услуги:
Објектот нуди бесплатен Wi-Fi интернет (агенцијата не гарантира за квалитетот и стабилноста на сигналот), како и можност за паркирање во близина.
Хигиена и одржување:
Хигиената во апартманите ја одржуваат самите гости. Постелнината се менува еднаш во текот на престојот. Пешкири не се вклучени во понудата.
Локација и координати:
Вилата се наоѓа во центарот на Неа Флогита, на 180 метри од плажата.
Географски координати:
Latitude: 40.258465
Longitude: 23.215790
Предности:
Одлична локација во центарот на Флогита
Пространи и модерни апартмани со клима вклучена во цената
Блиску до плажа, продавници и таверни
Идеален избор за семејства и парови







