Опис
ПОРЕЧ е шармантен крајбрежен град на западниот брег на Истра, познат по својата богата историја, уредена околина и жива летна атмосфера. Со своите тесни улички, медитеранска архитектура и разновидна туристичка понуда, Пореч претставува идеална дестинација за сите генерации. Градот нуди одличен баланс помеѓу релаксација, забава и културни содржини, создавајќи услови за пријатен и исполнет одмор.
Зелена Лагуна е модерен туристички комплекс опкружен со борова шума, кристално чистото море, спортски активности и содржини за сите возрасти. Комплексот располага со уредени плажи (каменести, поплочени и чакалести), долги шеталишта покрај море и бројни содржини за сите генерации.
Хотел Делфин се наоѓа во Зелена Лагуна, на сама плажа, опкружен со зелена природа
- Хотелска соба за 2 – 3 лица
- базен, детски воден парк и детски клуб
- ресторан со шведска маса (појадок и вечера)
- дневна и вечерна анимација, музика и забава
- бројни спортски активности (тенис, велосипед, водени спортови)
- полупансион (појадок + вечера)
Апартмани Астра се наоѓаат во истиот комплекс со Hotel Delfin, во зелена и мирна околина, на сама плажа. Нудат комфор и приватност, двор, дневна соба со целосно опремена кујна и 2 спални соби.
апартмани со 1 дневна соба + 2 спални соби за 4 – 5 лица
кујна и тераса
мирна локација
идеални за фамилии
Гостите сместени во Astra апартманите ги користат услугите и содржините на Hotel Delfin (ресторан, базен и останати капацитети)и камп Zelena Laguna https://www.istracamping.com/accommodation/camping-zelena-laguna/

