Вила Елени Потос се наоѓа во непосредна близина на центарот на Потос, на 250 м од плажата. Во својата понуда има двокреветни, трокреветни и четворокреветни студија и трокреветни апартмани. Опремени се со чајна кујна, фрижидер, мини електричен шпорет и кујнски садови без тавчиња, наменета за спремање на лесни оброци, ТВ, туш, Ви Фи ( не гарантираме добар проток), балкон со гарнитура за седење и тенди, клима ( со доплата). Собите се наоѓаат на приземје и втор кат.
Вилата не располага со сопствен паркинг. Паркингот на Потос е оддалечен 100 метри од вилата.
Координати: N 40° 36′ 45″ E 24° 36′ 23.0000000004″
Услови и напомени
ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО за 7 НОЌЕВАЊА
* уплатите се вршат исклучиво во денари по курс 1 евро = 62 денари
Дополнителни информации
- Доплата за клима – 6 евра по соба на ден (опционално) – се плаќа при пристигнување во објектот
- Задолжителна туристичка такса (се плаќа во објектот) 2 евра по соба на ден
- За уплата за 2 споени термини се одобрува 10% попуст (попустот не се комбинира со други попусти)
- Во студиата дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет, т.е бројот на легла
- Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 3 години во кревет со родителите.
- Во собите има опремено мини кујна
- Сместувањето во собите е после 14 часот по локално време
- Напуштањето последниот ден е до 09 часот по локално време
- Студиата се добиваат исчистени и со променета постелнина и пешкири, а за хигиена се грижат самите гости.
- Постелнината и пешкирите се менуваат еднаш во текот на пресотојот.
- Доплата за автобуски превоз (со вклучена карта за траект):
Возрасни: 80 евра
Деца од 2 – 12 години: 65 евра
Деца од 0 – 2 години: БЕСПЛАТНО (не користат седиште во автобус)
- Трансферот од пристаништето во Лименас до Потос трае околу 1 час
( Попатно прво се носат патниците до Голден Бич и Скала Потамиа)
Минимум уплата за резервација – 30% неповратен депозит.
- Автобусот ги носи патниците до најблиската точка до вилата каде може да се застане со автобус
Поаѓање од:
Скопје – 01: 00ч. Паркингот кај спортска сала Борис Трајковски
Велес – 01:45ч Бензинска пумпа кај Мотел Македонија
Неготино – 02:15ч Макпетрол бензинска на автопат во правец кон Гевгелија
Смоквица – 02:45ч Шел бензинска на автопат во правец кон Гевгелија
Гевгелија – 03:00ч Шимов, бензинска пумпа пред граница
Поаѓања од Тасос
- Вила Елени, Потос 13: 00ч. (локално време)
- Вила Пенелопе, Скала Потамиа 09 :30ч. (локално време)
- Вила Атина, Голден Бич 09:15 ч. (локално време)