Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Вила Vangelis – Лептокарија


Бесплатно сместување за 3-то лице во студио | 5-то лице во апартман

10% попуст за целосна уплата до 01.03.25

 

Вила “VANGELIS” се наоѓа на 150m од плажа, веднаш до хотел “Eleni” во Лептокарија. Располага со двокреветни и трокреветни студија.. апартман со една спална за 5 лица и дуплекс апартман со две одделни спални соби за 5 лица. Во двокреветните студија има 2 единечни легла, во трокреветните има еден брачен и еден единечен, во апартманот со една спална има еден брачен во спалната, а еден брачен и еден единечен во кујната, додека во дуплекс апартманот има три единечни во едната спална и две единечни во другата. Сите студија/апартмани се комплетно опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер…), тоалет, огледало, туш, балкон (масичка со столчиња), клима, ТV, гардеробер. На располагање на гостите е бесплатен   интернет. Студијата и апартмани се на високо приземје и први кат. Прекрасно уредениот двор ги воодушевува сите кои случајно или намерно минуваат покрај вилата.

Ценовник

“VANGELIS”
Лептокарија
термин МАЈ ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
21 28 04 11 18 25 02 09 16 23 30 06 13 20 27 03 10 17 24
бр. ноќи 7 7 7 7 7 7 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 7 7 7
1/2 студио 85 95 115 135 155 175 295 325 355 355 355 355 355 325 295 185 165 135 105
1/3 студио 95 105 125 145 165 185 335 365 385 385 385 385 385 355 325 205 185 145 105
АПТ /3+2/ (со 1 спална) 105 125 145 165 185 215 405 465 525 525 525 525 525 495 445 225 205 165 135
Дуплекс АПТ /3+2/ 65  75 85 105 125 145 455 525 595 595 595 595 595 545 505 155 135 105 75
опис на ценовникот цени по лице со превоз  цени за наем без превоз цени по лице со превоз

Услови и напомени

Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио, 5-то лице во апартман – БЕСПЛАТНО сместување;

–  Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;

–  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.

–  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;

–  Во студио и апартман со една спална, плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице во Студио и 3-то, 4-то и 5-то лице во АПТ со една спална се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;

–  Во дуплекс апартман со две одделни спални, плаќаат минимум 4 лица | 5-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз;

–  Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;

–  Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;

–  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;

–  Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;

–  Автобусот ги остава/зема патниците на 10m од вилата.

–  Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!

–  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот и последниот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
–  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;

–  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);

–  Доплата за туристичка такса – 2€ од соба од ноќ (се плаќа при резервација во агенција);

–  Доплата за клима – 7 од ден на лице место;

–  Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ

Лето 2025