Вила Меропи се наоѓа на главната улица, во строгиот центар на Калитеа, веднаш до семафорите и излезот на првата пешачка уличка.
Вилата не располага со паркинг, но најблиското место за паркирање е на околу 200 м.
Во нејзина близина се наоѓаат маркет, слаткарница, продавници, фурна, ресторани и кафетерии.
Плажата е на 200 м, до која се стигнува преку улица или скали. Пристапот до плажата во Калитеа е по удолница.
Содржина на студијата:
- Трокреветни студија се лоцирани на прв спрат бр.11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18 со (еден двоен кревет + еден единечен)
- Мини кујна со прибор за готвење и јадење
- Сопствен тоалет
- Мал и тесен балкон
- ТВ
- Клима (без доплата)
- Wi-Fi
Промо термини:
- Првите три и последните два термини се промотивни – не подлежат на попуст и се резервираат со 50% аконтација.
Важно да знаете:
- Понудата важи за ограничен број студија во претпродажба; може да биде повлечена без најава.
- Интернетот во објектот – без гаранција за брзина/квалитет.
- Цените се за наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
- Плаќање во денарска противвредност (1€ = 62 ден.).
- Туристичка такса: 2€ по соба/ден – се плаќа во објектот.
- За патници со автобуски превоз:
- куфер до 23 кг + рачна торба до 6 кг
- доплата за дополнителен багаж: 20€ во автобус доколку има расположливо место
- секој куфер мора да има налепница од водичот
















