Полихроно е опкружено со бујна медитеранска вегетација. Го краси долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца.На местото на денешно Полихроно, во 7 век п.н.е. постоела населбата Неаполи која е уништена во 6 век н.е. Во 11 век се основа Полихроно . Денес брои повеќе од 1000 жители, а најразвиена гранка е туризмот. Местото е сликовито, со поплочени улици, палми, лимонови и маслинови дрва, убави дворови и осветлено шеталиште покрај плажа. Има супермаркети, продавници со сувенири, производи од маслиново масло и морски плодови, производи од крзно и кожа, амбуланта, аптека. Има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, како пици и друга брза храна. Полихроно е одличен избор за семејства со деца поради убавото шеталиште покрај морето, кристалното море, како и многубројните продавници.
ОПИС:
Локација: Вила Лица се наоѓа на одлична локација, на 50 м од песочна плажа, во центарот на Полихроно.
Сместување: Располага со апартмани за 3 и 4 лица. Четири апартмани се наоѓаат на високо приземје (бр.1, 2, 3, 4) и еден на прв спрат (бр.5). Се состојат од кујна каде има кревет на отварање или лежај со грчки димензи,голем фрижидер, шпорет БЕЗ рерна, основни садови за соодветниот број на лица , ТВ, интернет, купатило, клима, спална соба со брачен кревет или спална и единечен кревет, две тераси со поглед на улица и поглед на двор. Паркинг.
Сместувањето е идеално за 3 возрасни и дете до 7г или 2 возрасни и 2 деца до 12г
Check in: 14:00h.
Check out: 09:00h.
Важна Напомена: За хигиената на студијата се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место.Студијата не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.
Gps: 40.01747983741245, 23.52757509305982
Адреса и Gps:
Litsa appartments
Polichrono 630 85, Greece
40.017507, 23.527616