Лефкада е остров на Јонскиот Архипелаг, кој се наоѓа јужно од Крф и североисточно од Кефалонија, а со континенталниот дел на Грција е поврзана со подвижен мост. Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името; сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите,чемпресите,шаренилото на цвеќињата,маслиновите дрвја.. Големиот број на таверни, барови, ресторани ќе го направат Вашиот одмор уште попријатен. Најпознатите и најубави плажи на островот Порто Кацики, Егремни, Милос, Катисма…со својата убавина никој нема да го остави рамнодушен. Нидри е најголем и најпознат туристички град кој се наоѓа на југоисточниот дел на островот. Сместен е во залив опкружен со малите островчиња Мадури, Меганиси, Скорпио кои се сопственост на Оназис. Ова летовалиште изобилува со продавници, таверни, ресторани, кафулиња и има долга градска плажа. Покрај пристаништето во кое се закотвени бродовите кои крстарат околу островот и превезуваат капачи до другите островчиња, тука се наоѓа и марината за јахти која претставува совршено уточиште на многубројните наутичари и едриличари.
Вила Афродити Б кат. – Нидри – на самиот брег, 300 метри од плажа, во непосредна близина на центарот, многуте таверни и шеталиштето, уреден двор со зеленило и мала пицерија, рецепција, прикладни места за паркирање во близина. Студијата се опремени со мали кујни, тоалет, ТВ, клима ВКЛУЧЕНА во цена, тераси, чистење на апартманите на 3 дена. Студиата се со традиционален дизајн , со различна големина , некои се со поглед на море.
GPS 38.70542623037782, 20.70885091516509