Вила Атина е сместена на самото шеталиште, помеѓу првата и втората улица, на само 30 метри од плажа, во самиот центар на Паралија.
Во близина се наоѓаат:
- продавници, гиро, пекара
- таверни и ресторани
- LIDL маркет (250 м)
- продавници за облека, украси и бижутерија
Содржина на студијата:
- Кујна со прибор за готвење и јадење
- Сопствен тоалет
- ТВ
- Тераса
- Клима уред (6€ на ден – се плаќа на лице место)
Распоред за лето 2026
- бр.2 – трокреветно студио на прв спрат
- бр.5 – двокреветно студио на трет спрат
- бр.6 – двокреветно студио на трет спрат
Промо термини
- Првите два и последните два термини се промотивни – не подлежат на попуст и се резервираат со 50% аконтација.
Важно да знаете
- Понудата важи за ограничен број соби во претпродажба; може да биде повлечена без најава.
- Интернетот во објектот – без гаранција за брзина/квалитет.
- Цените се за наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
- Плаќање во денарска противвредност (1€ = 62 ден.).
- Туристичка такса: 2€ по соба/ден – се плаќа во објектот.
- За патници со автобуски превоз:
- куфер до 23 кг + рачна торба до 6 кг
- доплата за дополнителен багаж: 20€ во автобус доколку има расположливо место
- секој куфер мора да има налепница од водичот











