Никити се наоѓа на северниот дел на полуостровот Ситонија помеѓу Метаморфозис и Неос Мармарас и ги разделува двата полуострови Касандра и Ситонија. Во последните неколку години ова е едно од најбараните туристички места на Халкидики. Има долга песочна плажа и кристално чиста морска вода, а на прекрасно уреденото шеталиште покрај градската плажа се наоѓаат изобилство кафе барови, ресторани и таверни. Во градот има се` што е потребно за пријатен одмор: три големи супермаркети: (Lidl, Masutis и Marinopoulos), мини маркети, месари, пекари, слатарници, лекар, аптека.
Вилата „Maria`s house“ се наоѓа во централниот дел на Никити, на само 20 метри од плажата. Располагаме со трокреветен и петкреветен апартман на прв спрат кои имаат поглед на улица и страничен поглед од терасите кон морето. Сместувачките капацитети се опремени со модерен мебел, мини кујни, телевизори и клима уреди чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи. Терасите се заштитени со тенди. Сместувачките капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.